Макаби по продолжението го совлада Галатасарај

Од:

Европскиот шампион Макаби извојува важна победа синоќа на гостувањето во Истанбул кај Галатасарај во рамките на 6. коло од ТОП 16 фазата од Евролигата. Макаби со кошот на Џереми Парго во последната секунда стигна до триумфот од 97:94 по продолжението.

На другите натпревари одиграни синоќа: Црвена Звезда – Жалгирис 68:70, Реал Мадрид – Барселона 97:73 и Олимпијакос – ЦСКА Москва 84:76.

Вечерва се играат натпреварите: Фенербахче – Лаборал, Алба Берлин – Панатинаикос, Армани – Анадолу Ефес и Уникаха – Нижни Новгород.

Табела група Е: Реал Мадрид 5-1 (победи-порази), Макаби 5-1, Панатинаикос 3-2, Барселона 3-3, Алба Берлин 2-3, Галатасарај 2-4, Жалгирис 2-4, Црвена Звезда 1-5.

Табела група Ф: ЦСКА Москва 5-1, Олимпијакос 5-1, Фенербахче 3-2, Анадолу Ефес 3-2, Нижни Новгород 2-3, Лаборал 2-3, Армани 1-4, Уникаха 0-5.

Би можело да ве интересира

Тотал ТВ ќе ги пренесува натпреварите од Евролигата и во следните пет години

Ана Ололовска

Таварез сака да игра на СП – Ќе лета 12 часа за да им помогне на Зеленортските острови

Евролигата одложи осум натпревари поради коронавирусот

А1он

Миротиќ МВП за декември во Евролигата

Ана Ололовска

Одложени три од утрешните четири дуели во кошаркарската Евролига

А1он

Одложен уште еден натпревар во кошаркарската Евролига поради коронавирус

Ана Ололовска