Европскиот шампион Макаби синоќа во натпревар од 9-то коло од кошаркарската Евролига, ја победи Цедевита и со тоа и се реваншираше за поразот на домашен терен.
Победа постигна и Баерн во чии редови настапи и македонскиот репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб, кој постигна 6 поени.
Резултати и двојки од 9-то коло:
А група: Уникс Казан – Жалгирис, Анадолу Ефес – Нижни Новгород и Динамо Сасари – Реал Мадрид играат вечерва.
Табела: Реал Мадрид 6-2 (победи-порази), Анадолу Ефес 6-2, Уникс Казан 4-4, Жалгирис 4-4, Нижни Новгород 3-5, Динамо Сасари 1-7.
Б група: Цедевита – Макаби 71:82, Уникаха – ЦСКА Москва 75:76, Лимож – АЛБА играат вечерва.
Табела: ЦСКА Москва 9-0, Макаби 6-3, Уникаха 4-5, АЛБА 3-5, Лимож 2-6, Цедевита 2-7.
Ц група: Баерн – Туров 95:89, Емпорио Армани – Панатинаикос 66:64, Барселона – Фенербахче 89:91.
Табела: Барселона 8-1, Фенербахче 7-2, Панатинаикос 5-4, Емпорио Армани 4-5, Баерн 2-7, Туров 1-8.
Д група: Нептунас – Галатасарај 82:72, Лаборал – Валенсија и Олимпијакос – Црвена Звезда играат вечерва.
Табела: Олимпијакос 7-1, Црвена Звезда 5-3, Лаборал 4-4, Нептунас 4-5, Галатасарај 3-6, Валенсија 2-6.