Мајами победи и се избори за мајсторка

Од:

Екипата на НБА шампионот Мајами успеа да слави на 6. натпревар против Сан Антонио и така избори мајсторка во финалето.

Во финишот на натпреварот на 6 секунди пред крајот Реј Ален со тројка изедначи на 95:95 и го однесе натпреварот во продложение.

А таму подобро се снајдоа домаќините и славеа со 103:100.

Леброн Џејмс имаше трипл дабл, но посебно се истакна во последната четвртина каде постигна 19 поени од вкупните 32, имаше и 10 скокови и 11 асистенции.

Тим Данкан постигна 30 поени и 17 скокови, а 21-годишниот Каваи Ленард имаше 22 поени и 11 скока.

Иако губевме пред почетокот на последната четвртина, сепак играта беше на теренот и успеавме да славиме, рече Леброн Џејмс.

Мајсторката ќе биде за два дена во Мајами.

Би можело да ве интересира

Почина Дражен Далипагиќ

А1он

Сопругата на латвискиот кошаркар е осомничена дека го нарачала неговото убиство

Предраг Петровиќ

Раул Нето го раскина договорот со Барселона

(ВИДЕО) Тепачка во НБА: Шлаканици и боксови меѓу Нуркиќ и Маршал

(ВИДЕО) Лесор, кошаркарот на Панатинаикос, заработи тешка повреда

Горан Наумовски

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот