Мајами ја врати неизвесноста во финалната серија од НБА лигата

Од:

Кошаркарите на Мајами хит ја забележаа првата победа над Лос Анџелес лејкерс во НБА финалето и не дозволија шампионот да биде речиси решен по само три натпревари.

„Жешките“ ноќеска славеа победа со 115:104, најмногу по заслуга на Џими Батлер кој оствари „трипл-дабл“. Тој средбата ја заврши со 40 поени, 11 скока и 13 асистенции.

Во поразениот тим, Леброн Џејмс беше најдобар со 25 поени, 10 скока и осум асистенции.

Следниот дуел во серијата прв до четири победи е закажан за 7 октомври.

Би можело да ве интересира

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он