Мајами без Адебајо и Драгиќ и за третиот натпревар

Од:

Бам Адебајо и Горан Драгиќ можеби нема да се појават во натпреварот број три за Мајами Хит против Лос Анџелес Лејкерс. Нивната состојба е опишана како „неизвесна“ во извештајот пред натпреварот, бидејќи обично кошаркарите со ваква дијагноза ги пропуштаат натпреварите на своите тимови.

Адебајо, кој е стартен центар на тимот, се опоравува од повредата на вратот. Тој по вториот натпревар рече дека се надева дека ќе биде вклучен во ротацијата на тренерот Ерик Сполстра и рече дека се чувствува подобро. Со Драгиќ работите се посериозни, бидејќи тој има повреда на левиот глужд и треба да му се стават инјекции за да се појави на паркетот.

Пред почетокот на натпреварот бр.2, Сполстра рече дека Адебајо и Драгиќ имаат став и желба да играат, но на крајот тој и неговиот стручен штаб решија да дадат време за опоравување на двајцата нивни главни кошаркари.

Натпреварот бр.3 помеѓу Мајами Хит и Л.А. Лејкерс е вечерва во 01:30 часот по македонско време. Лејкерси водат со 2-0 во серијата, потребни им се уште два успеси за да го освојат трофејот.

Би можело да ве интересира

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он