Лук Волтон брзо си најде нова работа

Од:

Лук Волтон, кој беше отпуштен од Лос Анџелес Лејкерс, брзо си најде на нова работа, објави „ЕСПН“.

Триесет и девет годишниот стратег ќе застане на чело на Сакраменто Кингс, а официјалното соопштение на клубот се очекува во следниве денови.

Волтон веќе остварил разговори со генералниот менаџер на „кралевите“, Владе Дивац и тие постигнале договор за соработка, која ќе биде до летото 2023 година.

Во последните три сезони, Лук Волтон беше на чело на Лејкерс, но не успеа да го одведе тимот во плејофот дури и по пристигнувањето на Леброн Џејмс во летото минатата година.

Би можело да ве интересира

„Лејкерси“ ја повлекуваат „16-та“ на Гасол

А1он

Деандре Џордан: Се радувам дека нема да треба повеќе да играм против играчи какви што има Лејкерс

А1он

Леброн влезе во НБА историјата

А1он

ВИДЕО: Лејкерс и Милвоки се пласираа во полуфиналето на своите конференции

Жарко Настоски

Лејкерси го совладаа Денвер за прекин на низата од три порази

Жарко Настоски

Лејкерси ја освоија Западната конференција за првпат по цела деценија

Жарко Настоски