Лејкерси ја освоија Западната конференција за првпат по цела деценија

Од:

Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс го обезбедија првото место во Западната конференција од НБА лигата. Тие ноќеска во Орландо ја совладаа Јута со 116:108 и станаа недостижни за конкурентите за врвот на Запад.

Најефикасен за победата беше Ентони Дејвис со 42 поена. За Лејкерси, првото место во Конференцијата е освоено по пауза од десет години, односно за првпат по сезоната 2009/10. Тогаш тие ја освоија и шампионската титула, последна од нивните 16.

На другите две средби одиграни ноќта понеделник кон вторник постигнати се овие резултати: Њу Орлеанс – Мемфис 109:99 и Филаделфија – Сан Антонио 132:130.

Лејкерс имаат биланс 51-15 (победи-порази), пред ЛА клиперс со 45-21 и Денвер со 44-23. На Истокот, лидер е Милвоки со 54-13, следуваат Торонто со 48-18 и Бостон со 44-22.

Би можело да ве интересира

Тејтум објасни за скандалот во соблекувалната на Селтикс

Ана Ололовска

Дурент ќе игра на секоја позиција во Бруклин

Ана Ололовска

Бостон намали на 2:1 во серијата со Мајами

Ана Ололовска

На Леброн не му е сеедно што ја загуби титулата МВП

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Јанис: Не ме нарекувајте МВП додека не станам шампион

Ана Ололовска

Лејкерси поведоа во финалната серија на Западот

Ана Ололовска