Луис по победата над Сити: Работев напорно секој ден по секоја грешка

Од:

Фудбалерите на Арсенал изненадувачки го совладаа Манчестер Сити со резултат 2:0 во полуфиналето на ФА Купот.

Во претходниот натпревар од Премиер лигата, лондонскиот тим го совлада и шампионот, екипата на Ливерпул.

Еден од најдобрите играчи во тимот на Микел Артета беше Давид Луиз, искусен дефанзивец, кој со месеци беше критикуван за неговата лоша форма.

– Работев напорно секој ден по секоја грешка. Бев скромен и смирен, работев уште посилно и работев за тимот, истакна Луис.

Поранешниот играч на Челси, исто така, истакна дека тимскиот дух на Арсенал е извонреден.

– Го заслуживме тоа, целиот тим се бранеше, не само последната линија. Секој треба да се бори за секоја топка, посочи Бразилецот.

Тој исто така изјави дека Сити е „милји далеку од Арсенал“.

– Одличен резултат против една од најдобрите екипи во светот. Бевме скромни, го разбиравме начинот на кој треба да играме и ги искористивме своите противници. Треба да бидеме зрели и да бидеме свесни во која фаза од процесот се наоѓаме. Имаме неверојатен менаџер, Микел Артета, но не можеме да скокнеме од 0 на 100. Ние напредуваме, истакна Луис.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голманот на Арсенал како спринтер

А1он

Фудбалерот на Арсенал, Каи Хаверц ќе го пропушти остатокот од сезоната поради повреда

(ВИДЕО) На Арсенал му недостасува голгетер, без победа и кај Брајтон

А1он

Јувентус е заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал

Арсенал го потврди и трансферот на холандскиот репрезентативец Јуриен Тимбер

Предраг Петровиќ

Ужасни сцени: Се запали авионот на фудбалерките на Арсенал