Седумкратниот светски првак во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон, се излечи од коронавирусот и ќе настапи на последната трка сезонава, која ќе се вози в недела.
Како што е официјално е соопштено вечерва, Хамилтон бил негативен на последните неколку тестирања на Ковид 19 и тој ќе се појави на патеката за Големата награда на Абу Даби.
Хамилтон, кој веќе ја обезбеди седмата титула светски првак во Ф1, ја пропушти трката за Големата награда на Бахреин минатиот викенд поради позитивен тест на коронавирус, а во болидот на Мекларен го замени сонародникот Џорџ Расел.