Лошото време во Њујорк ги одложи женските полуфинални мечеви на УС Опен

Од:

Женските полуфинални мечеви на Отвореното првенство на САД во тенис се одложени за попладнево поради лошото време кое беше пречка за одигрување на дуелите синоќа за кога беа планирани. Инаку, синоќа се одиграа само неколку мечеви двојки.

Според новата програма за денеска, први на главниот терен „Артур Еш“ ќе се појават втората носителка Симона Халеп и Флавија Пенета, а победничката од овој меч ќе го избори своето прво финале на УС Опен.

Следен меч ќе биде дуелот на првата носителка Серена Вилијамс и Роберта Винчи, а Вилијамс ќе се обиде да оствари уште две победи (полуфинале и финале) и да ги освои сите четири грен слем титули во една календарска година.

Во првото машко полуфинале ќе играат Новак Ѓоковиќ и Марин Чилиќ (Ѓоковиќ има скор од 13-0 во меѓусебните дуели), додека во второто машко полуфинале ќе играат швајцарските тенисери Рожер Федерер и Стан Вавринка.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ го совлада Медведев и ја освои 24 Грен слем титула

ВИДЕО: Коко Гоф го освои УС Опен

Алкараз: Се предомислив, треба уште да учам

ВИДЕО: Ѓоковиќ му ја спушти слушалката на Шелтон-реакција за начинот на прослава на победата

Предраг Петровиќ

Медведев го елиминира Алкараз и закажа финале со Ѓоковиќ!

Предраг Петровиќ

Џере поведе со 2-0, а Новак се налути и сврте на 3-2