Лоренцо: Бев светски шампион, а немав возачка дозвола

Од:

Шпанскиот мотоциклист, Хорхе Лоренцо открива дека станал светски шампион без да поседува возачка дозвола.

„Мислам дека не би се снашол во градски возења. Никогаш во животот не сум возел полека мотор, иако поседувам возачка дозвола што ја добив доцна, на 23 годишна возраст, а претходно бев светски шампион во Мото ГП“, вели Лоренцо.

Лоренцо има две шампионски титули во „Мото 2“ класата и три во категоријата „Мото ГП“.

Професионалната кариера ја заврши по проблематичната сезона во тимот на Хонда и сега е тест возач на Јамаха.

„Не се плашам од мотори и тоа не е причина за моето одење во пензија. Се почна да ме боли и повредите почнаа да создаваат големи проблеми. Секако дека возењата и победите на мотор ќе ми недостасуваат, но поради се што се случи, далеку сум од враќање на патеките. Не сакам да возам повеќе од 14 до 16 дена годишно“, порача Лоренцо.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Најбрзата баба на светот-на 83 години се трка со ламборџини

Предраг Петровиќ

Давидовски ја стартува петтата сезона во ТЦР Европа

Ана Ололовска

Седан верзијата на „Пасат“ заминува во историјата

А1он

На патеката кон Пониква се возеше втората трка од Државниот шампионат во автомобилизам

Ана Ололовска

Ристо Вуков Рико и Халк Осигурвање – пријателство кое продолжува и во 2021

Ана Ололовска

Давидовски: Подобри сме од лани, но нашата цел е повисока