Лонзо Бол може да не се појави во игра до крајот на сезоната

Од:

Тренерот на Лос Анџелес Лејкерс, Лук Волтон изјави дека има шанса Лонзо Бол да не се појави во игра до крајот на сезоната.

Бекот се опоравува од повредата на глуждот, која ја доби на крајот на месец јануари, а во моментов „езерџиите“ се далеку од плеј-оф местата и веројатно нема да ризикуваат со враќањето на Бол на теренот.

Волтон додаде дека приоритет за сите е Лонзо целосно да се опорави, за да продолжи со својот развој во текот на летото и да биде уште покорисен на Ел Еј во иднина.

Најголемиот од браќата Бол доби повреда на 19 јануари при поразот на тимот од Хјустон Рокетс.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лејкерси испишаа историја – Леброн го подигна трофејот

Лејкерси го „прегазија“ ривалот, тргнаа по титулата

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Навивачи се испотепаа на НБА натпревар: Претепаниот го фрлаше на трибините

Предраг Петровиќ

Лос Анџелес ја избра првата жена градоначалник

Катерина Ѓуровски

Четворица затруени со гас на аеродромот во Лос Анџелес, едно лице во критична состојба

Пожари во близина на Лос Анѓелес и во рурални области на Калифорнија