Игралиштето за хокеј и уметничко лизгање, како дел од Спортскиот центар „Борис Трајковски”, објави понуда која, покрај часови наменети за рекреативно лизгање, вклучува и специјализирани часови по хокеј водени од рускиот стратег Димитри Прокудин и уметничко лизгање со Ксенија Јестшењск.
– Лизгалиштето нуди одлични услови кои се доволна мотивација за повеќе од стотина деца и млади луѓе кои неколкупати неделно тренираат хокеј или уметничко лизгање. Отворено е и за сите заинтересирани граѓани за рекреативно лизгање, што одличната подлога од мраз, го прави исклучително забавно искуство, истакнуваат од СЦ „Борис Трајковски“.
Во текот на неделата, термините за рекреативно лизгање се до 23 часот, а во викендите игралиштето е отворено до полноќ.
Лизгалиштето започна со работа на 18 ноември и ќе биде отворено до 15 април.