Во фудбалската Лига на шампиони синоќа се одиграа првите дуели од плеј-оф фазата по кои со значајна предност и големи шанси за пласман во групната фаза се стекнаа екипите на Ливерпул и на АПОЕЛ.
Стеауа остана непоразена на гостински терен, а со минимална предност се стекнаа шампионот на Азербејџан Карабах во дуелот со фаворитот Копенхаген кој во претходната рунда го елиминира Вардар и ЦСКА Москва на гостувањето кај Јанг Бојс.
Резултати:
Карабаг (Азербејџан) – Копенхаген (Данска) 1:0,
АПОЕЛ (Кипар) – Славија Прага (Чешка) 2:0,
Хофенхајм (Германија) – Ливерпул (Англија) 1:2,
Спортинг (Португалија) – Стеауа (Романија) 0:0,
Јанг Бојс (Швајцарија) – ЦСКА Москва (Русија) 0:1.
Другите пет натпреварите се играат вечер, а реваншите се по седум дена.