Екипата на Литванија е првиот полуфиналист на СП 2014 откако во четвртфиналната пресметка со Турција со 73:61.
Сеибутис беше најзаслужен за овој триумф на Литванија со 19 постигнати поени, пред Поциус со 13, Валанчиунас со 12 поени и 13 скокови и Дариуш Лавринович, кој погоди три тројки во втората четвртина за вкупно 11 поени.
Следен противник на оваа селекција ќе биде подобриот од вечерашното четвртфинале меѓу големиот фаворит САД и селекцијата на Словенија.