Литванија ќе и биде противник на Шпанија во големото финале на Европското првенство, откако во вториот полуфинален меч славеше над Србија со 64:67.
Литванците и го нанесоа првиот пораз на Србите на ова ЕП и воедно изборија пласман на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.
Кузминскас и Сеибутис со по 13 поени ја предводеа Литванија до победата, додека кај Србија најефикасен беше Теодосиќ со 16 поени.