Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа обезбеди пласман во финалето на фјучрс-турнирот во Прокупље кој е со награден фонд од 10.000 долари.
Ѓорческа, која е прва фаворитка на овој турнир (441-место на ВТА листа), во полуфиналето ја победи Габриела Пантуцкова од Чешка (621-место на ВТА листата) со 2:1 во сетови.
Иако првиот сет нашата тенисерка го загуби со 5:7 сепак во следните два беше убедлива.
Во вториот сет Ѓорческа на својата противничка и препушти само еден, а во третиот сет само два гема (6:1 и 6:2).
Ѓорческа во финалето ќе игра против Австралијката Александра Нанкароу со која заедно вчера во игра на двојки триумфираше во финалето на овој турнир.
Нанкароу, која на ВТА листата е на 571-место, во првиот полуфинален меч па победи Елисавета Ианчук од Украина со 2:1 во сетови.