Лина Ѓорческа се проби на 403. место во двојки на ВТА листата

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа по минатонеделната победа во двојки на турнирот во Палиќ го има најдобриот ранг во својата кариера во двојки и се наоѓа на 403.место. Таа има вкупно 120 поени и има напредок од 21 позиција.

На следното рангирање Ѓорческа ќе треба да се искачи уште погоре на ВТА листата, бидејќи во саботата триумфираше на турнирот во Темишвар, Романија.

Во поединечна конкуренција најдобрата македонска тенисерка има скок од три места и се наоѓа на 420.место со 83 поени што значи дека повторно го бележи својот најдобар ранг што го имаше и на 14 јули годинава.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров