Лина Ѓорческа поразена во финалето на турнирот во Прокупље

Од:

Лина Ѓорческа најдобрата македонска тенисерка е поразена во финалето на Фјучрс турнирот во Прокупље, кој се играше за награден фонд од 10.000 долари.

Ѓорческа која на овој турнир го носеше приматот прва фаворитка, во денешното финале е совладана од Австралијката Александра Нанкароу со 2:1 во сетови.

Иако првиот сет нашата тенисерка го доби со 6:4, во вториот и покрај водството од 4:1 сепак Ѓорческа го загуби сетот со 6:4. Решавачкиот трет сет и припадна на австралиската тенисерка со 6:2.

За 19-годишната Ѓорческа ова беше втор пораз сезонава во финалните натпревари во поединечна конкуренција. Таа останува на само еден трофеј во „синг„ освоен 2012 година на турнирот во Арад Романија.

Потсетување дека Ѓорческа заедно со својата денешна противничка Нанкароу во петокот на истиот турнир триумфираа во игра на двојки. Годинава Ѓорческа има освоено и две титули во „дубл“ односно вкупно десет во кариерата.

За очекување е дека веќе утре кога ќе биде објавена најновата ВТА листа македонската тенисерка ќе има напредок, а Ѓорческа во моментов е на 441-место.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров