Тед Лигети (САД) е победник на денешниот супервелеслалом од Светското првенство во алпско скијање што се одржува во Шладминг, (Австрија).
Лигети патеката ја помина за време од 1:23.96, 20 стотинки побрзо од францускиот скијач Готие Де Тесиерес, односно 22 стотинки подобро време од освојувачот на бронзениот медал Аксел Лунд Свиндал од Норвешка.
Предноста која му го донесе златниот медал, Американецот ја направи во вториот дел од патеката долга 1.885 метри.
За Лигети денешниот медал е трет од Светските првенства, по бронзата од велеслаломот 2009 и златото од велеслаломот 2011 година.