Лидерот на СЕХА лигата Веспрем му гостува на Металург

Од:

Најдобрата екипа во СЕХА лигата унгарски Веспрем во недела ќе гостува во Скопје кај македонскиот првак Металург. Веспрем има перфектни десет од десет во досегашниот тек од ова натпреварување, додека Металург мака мачи да го консолидира составот и има само четири победи од осум натпревари.

На денешната прес конференција во пресрет на неделниот дуел тренерот на Металург Лино Червар изјави дека Веспрем е најсилниот ривал и главен фаворит за освојување на титулата.

– Тие се силен состав, со добра покриеност на секоја позиција со по двајца квалитетни играчи и играат добра одбрана 6-0. Ние и натаму имаме проблеми со составот, а повредени се Марко Неловски и Ацо Јоновски. Недостигот на квалитетни играчи ќе мора да се надополни со борбеност. Едноставно ни остануваат во 2014 година уште овој натпревар во недела и гостувањето во Крагуевац и мораме да ги одиграме најдобро што можеме, истакна Червар.

На последните дуели се поголема минутажа добива и младиот македонски репрезентативец Филип Талевски кој на пресот искажа и оптимизам.

– Веспрем е најсилната екипа, особено се добри во одбрана. Во недела ќе се обидеме да се прикажеме во најдобро издание и со помош на публиката да дојдеме до победа, рече Талевски.

Дуелот Металург – Веспрем е од 12. коло и се игра во недела со почеток во 19 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

Би можело да ве интересира

Загреб прв финалист на Ф4 во СЕХА-лигата

Ана Ололовска

Вардар ќе игра на завршниот турнир во СЕХА-лигата

А1он

Вујовиќ: Во Загреб одиме на победа, нема да калкулираме со предноста од Скопје

А1он

Вујовиќ: Предноста од четири гола е убава, но ништо не е решено

Ана Ололовска

СЕХА: Вардар 1961 обезбеди четири голови предност за ревашот во Загреб

А1он

Бабиќ: Одговорноста за поразот од Мешков Брест е моја

Ана Ололовска