Левандовски продолжува да помага во борбата против вирусот

Од:

Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски и неговата сопруга Ана, направија нова донација, овој пат од 200 000 злоти (околу 48 000 американски долари) во специјализирана болница за борба против коронавирусот во матичната земја, Полска.

„На одделот во болницата во Ланкут им требаат тие пари за да купат повеќе медицински материјали. Цените на заштитната облека се зголеми неверојатно, а нам ни требаат нови секој ден“, рече финансискиот директорна установата Урсула Тројнар.

На одделот во југоисточниот полски град се сместени 90 пациенти со коронавирус, а уште 200 може да се одведат во Ланкут.

Од средината на март, болницата примила донации во висина од 1,3 милиони злоти.

Минатиот месец, семејството Левандовски објави дека донира 1 милион евра за борба против коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он

ВИДЕО: Тренерот на ПАОК сам нападна неколку навивачи на АЕК, ​​доби суспензија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Навивач го прекина едноминутното молчење за жртвите во Магдебург, цел стадион му одговори

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фудбалерот на Монако тешко го повреди Донарума

Горан Наумовски

Фудбалерите на Реал Мадрид по деветти пат станаа светски клупски шампиони

Фудбалерите на Црвена звезда го декласираа Нови Пазар во српската Суперлига

Горан Наумовски