Покрај класичните моторни возила на четири тркала, на франкфуртскиот авто-салон што се одржува деновиве, изложен е и автомобил кој освен по асфалт, може да „вози” и во воздух.
Имено, на 67. Меѓународен саем на автомобили, кој во Франкфурт се одржува секоја непарна година, компанијата „Аеромобил“ го претстави својот најнов модел, кој може и да лета. Станува збор за верзијата 4.0, луксузно возило конструирано да ни понуди еден софистициран спој на автомобилската индустрија и аеронаутиката.
Овој авион-возило се движи на батерии и со едно полнење може да премине 700 километри. Максималната брзина пак, изнесува 160 километри на час.
Цената засега не се соопштува, но неофицијално, овој луксуз ќе чини околу 1,25 милиони евра.