Летечката „Лада“ на руски „АвтоВаз“ ќе пристигне за две децении

Од:

Најголемиот руски производител на автомобили „АвтоВаз“, што изработува возила од марката „Лада“, со помош на државната корпораџија „Ростек“ планира да создаде летечко патничко возило.

Русите, на овој начин, ќе им се придружат на другите светски компании што работат на слични проекти или веќе направиле прототипи на летачки автомобили.

Како што вели шефот на „АвтоВАЗ“, Николас Мур, проектот на рускиот летачки автомобил би можел да се реализира во следните неколку децении.

– Имаме одлична можност да направиме таков вид возило бидејќи „Ростек“ е еден од акционерите на „АвтоВАЗ“, објаснува Мур. „Сметаме дека овој проект ќе се оствари во соработка со „Ростек“, но за реализација ќе ни бидат потребни најмалку 20 години“, додаде тој.

Најавата на „АвтоВАЗ“ за развојот на рускиот летечки автомобил доаѓа набрзо откако „Тојота“ ги откри сопствените планови за сличен проект. Јапонскиот производител соопшти дека вложил 353 милиони долари за да направи летечки автомобил.

Прототипот на летечкиот автомобил на „Тојота“ пред јавноста ќе биде претставен кон крајот на 2018 година, а продукциското возило на пазарите би требало да се појави до почетокот на Олимписките игри во Токио, во 2020 година.

Првиот човек на „АвтоВАЗ“, во разговор со новинарите, изнесе и свое видување за состојбата на рускиот автомобилски пазар по кризата предизвикана од санкциите на западните земји. Тој смета дека пазарот во моментов заздравува, но и дека е многу рано да се зборува за неговиот раст.

Сепак, според него, во втората половина на годината се очекува автомобилскиот пазар во Русија да забележи раст во продажбата.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска