„Лексус“ нема да се произведува во Кина

Од:

За разлика од многу други луксузни автомобилски брендови, „Лексус“ засега нема намера да изработува свои модели во Кина, сметајќи дека со тоа ќе го доведе во прашање високото ниво на квалитет на своите автомобили, што е заштитен знак на оваа марка.

„Ауди“, „БМВ“ и „Мерцедес“ се најпознатите премиум производители, што своите модели ги изработуваат во Кина. Нивниот пример го следат и други луксузни автомобилски марки, додека некои дури сега планираат да почнат со производство во оваа земја.

Пресметката е јасна, на овој начин се намалуваат трошоците за производство и транспорт на возилата што се испорачуваат до купувачите на најголемиот светски пазар на авомобили.

Иако има амбиции еден ден да ги достигне трите најголеми премиум производители „Лексус“ своите автомобили нема да ги изработува во Кина. Шефот на „Лексус“, Токио Фукуичи, изјави дека не смее да се ризикува пад на квалитетот на своите автомобили, алудирајќи дека моделите што се  изработуваат во Кина нема да бидат доволно добри за купувачите на „Лексус“.

– „Ауди“, „БМВ“ и „Мерцедес“ имаат значително подолга  традиција од нас. Имиџот на овие марки во јавноста е јасно профилиран, објаснува Фукуичи.

– Од  друга страна, ние сме многу помлад бренд што постојано мора да се докажува и да оддржува високо ниво на квалитет со кој не идентификуваат на пазарот, вели шефот на „Лексус“.

Фукуичи на овој начин испрати и суптилна порака до потенцијалните купувачи дека германските премиум производители со отворањето погони во Кина можеби во прашање го довеле квалитетот на своите модели. Во тој контекст неговата изјава може да се гледа и како смислена маркетиншка порака и како таква е целосно во согласност со неодамна прикажаната реклама на „Лексус“ во која директно се критикува конкуренцијата.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска