Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Од:

Кошаркарската федерација на Србија ја објави ситуацијата околу Бориша Симаниќ на кој за жал му беше отстранет бубрег по постоперативните компликации.

„Српскиот репрезентативец Бориша Симаниќ, кој се наоѓа во болницата „Макати Медикал Центар“ во Манила поради повреда здобиена на натпреварот од 3. коло од групната фаза на Светското првенство, вчера беше опериран. Откако Симаниќ беше опериран за првпат ноќта на 30 и на 31 август лекарите го следеле постоперативното закрепнување и одлучиле дека поради компликации е неопходна нова операција“, соопшти КСС.

Симаниќ се повреди на натпреварот против Јужен Судан кога Нуни Омот непотребно го удри со лакт во пределот на бубрегот.

За новата операција и здравствената состојба на Бориша Симаниќ, лекарот на српската репрезентација, проф. д-р Драган Радовановиќ вели:

„Поради појава на компликации на повредениот бубрег кои настанаа во постоперативниот тек, на 3 септември беше извршена уште една операција на Бориша Симаниќ. Поради промени во виталноста на бубрежното ткиво, за време на операцијата мораше да се отстрани целиот бубрег. Посакувајте после оваа операција постоперативниот тек да помине како што треба“, рече тој, а пренесува КСС.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Црвена звезда поразени од Цедевита Олимпија во 22.коло од АБА лигата

Тежок пораз на Црвена звезда од Баерн Минхен: Баварците сурово се одмаздија

Горан Наумовски

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски