Лејкерс го отпушти Волтон

Од:

Раководството на Лос Анџелес Лејкерс го прекина договорот со тренерот Лук Волтон, објави клубот од НБА. 39-годишниот стратег и „езерџиите“ се разделуваат по взаемна согласност.

– Сакам да се заблагодарам за можноста којами беше дадена да ги тренирам Лејкерс. Овој тим и овој град секогаш ќе бидат специјални за мене и моето семејство, изјави Волтон, кој беше на чело на тимот во последните три години.

Според медиумите во САД, главен кандидат за местото тренер на Л.А. Лејкерс е поранешниот тренер на Кливленд – Тајрон Лу.

Иако во тимот ја имаше најголемата ѕвезда на денешницата, Леброн Џејмс, Лејкерс заврши на десеттото место во Западната конференција во регуларната сезона на НБА, што не му овозможи на тимот да се пласира во плеј-офот.

Пред два дена и легендата Меџик Џонсон најави дека се повлекува од функцијата претседател на кошаркарските операции во Лос Анџелес Лејкерс по малку повеќе од две години работа во клубот од НБА.

Би можело да ве интересира

„Лејкерси“ ја повлекуваат „16-та“ на Гасол

А1он

Деандре Џордан: Се радувам дека нема да треба повеќе да играм против играчи какви што има Лејкерс

А1он

Леброн влезе во НБА историјата

А1он

ВИДЕО: Лејкерс и Милвоки се пласираа во полуфиналето на своите конференции

Жарко Настоски

Лејкерси го совладаа Денвер за прекин на низата од три порази

Жарко Настоски

Лејкерси ја освоија Западната конференција за првпат по цела деценија

Жарко Настоски