Легендарниот југословенски скијач Бојан Крижај банкротираше, си ја продава куќата

Од:

Прославениот југословенски алпски скијач, Словенецот Бојан Крижај, е во тешка финансиска ситуација поради натрупани долгови и си ја продава куќата за да ги исплати доверителите, јавуваат медиумите.

Според извештаите, Крижај должи 1,7 милиони долари и поради тоа морал да ја огласи куќата од 700 квадратни метри во гратчето Тржич, на границата со Австрија.

Луксузната куќа се наоѓа на парцела од дури 19.000 квадрати и меѓу другото има базен и терен за тенис. Крижај досега ја издавал за 9.500 евра месечно, а почетната продажна цена е милион евра.

Легендарниот Словенец триумфираше на трката во слалом во Венген во 1980 година, што беше прв златен медал за еден југословенски скијач во трка од Светскиот куп. До крајот на богатата 12-годишна кариера, тој нанижа уште седум победи во Светскиот куп, а во сезоната 1986/87 го освои и малиот кристален глобус во слалом. Тој ја заврши кариерата во 1988 година, а потоа вложуваше во различни бизниси, но инвестициите му пропаднаа.

Би можело да ве интересира

Браатен шокира со одлуката да го напушти скијањето, легендата му нуди брак за да му ја спаси кариерата

Предраг Петровиќ

Скијањето станува загрозен спорт

Предраг Петровиќ

Историски подиум за Грција во Светскиот куп во алпско скијање

Откажан стартот на скијачката сезона

Шифрин го собори рекордот на Стенмарк за победи во една дисциплина

Ана Ололовска

Влхова победи на слаломот во Крањска Гора

Ана Ололовска