Легендарната Моника Селеш боледува од ретка болест, таа првпат проговори за тоа

Од:

Легендарната југословенска тенисерка Моника Селеш ја отвори душата и за прв пат проговори за автоимуната болест со која се бори, а тоа е реткиот синдром на мијастенија гравис (МГ).

Селеш, симбол на борба, храброст и решителност, остави огромен белег во историјата на светскиот тенис.

Со само 16 години, таа стана најмладата победничка на Ролан Гарос во историјата, а до 20-годишна возраст освои осум Гренд слем титули.

Таа успеа да го редефинира женскиот тенис со агресивен стил на удирање на топката, а на врвот на својата доминација беше избодена со нож во грбот за време на натпревар. Ова ја принуди да направи двегодишна пауза, а по враќањето, таа повторно успеа да освои Гренд слем титула.

Сега 51-годишната, членка на Куќата на славни на светсккиот тенис, за прв пат проговори за МГ синдромот, автоимуна болест со која води жестока битка.

„Играв тенис со деца или членови на семејството и ја промашував топката. Видов две топки и тоа беа очигледни симптоми што не треба да се игнорираат. Знаците се зголемија, двоен вид, болни раце, уморни нозе… Тогаш започна ова патување. Ми требаше долго време навистина да го прифатам, да зборувам за тоа, бидејќи ми е тешко. Многу влијае на мојот секојдневен живот“, изјави Селеш за Асошиејтед Прес.

Таа откри дека никогаш не слушнала за оваа болест и дека не можела да поверува кога докторот ѝ ја соопштил тажната вест.

Инаку, Националниот институт за невролошки нарушувања и мозочен удар во САД го објаснува овој синдром како „хронична невромускулна болест што предизвикува слабост на мускулите и која често ги погодува жените под 40 години и мажите над 60 години.

„Не можам доволно да ви го објаснам, но би сакала да имам некој како мене да зборува за оваа болест.“ Во однос на тенисот, неколку пати доживеав вистинско ресетирање“, вели Селеш.

Под „ресетирање“ таа мислеше на тешките работи во животот и предизвиците што доаѓаа една по друга.

Првото ресетирање беше кога се пресели во САД како девојка од Југославија, а второто беше кога беше нападната со нож среде натпревар. Третиот пат, пред точно десет години, таа го реши проблемот со прејадување, а сега се бори со автоимуна болест.

Би можело да ве интересира

Половина милијарда луѓе сакаат да одат на Светското првенство, премиум билети за финалето по цена од речиси 9.000 долари

Предраг Петровиќ

Базел го откажа концертот на познатиот рапер на својот стадион, бидејќи не „ги делат вредностите на клубот“

Шокантен пораз на Зверев

Шампионката на Вимблдон се соочува со четиригодишна суспензија

Погина Алекс Манингер

Алкарас го закажа првиот спектакл со Синер