ЛДП: ФК Вардар е симбол на државата, затоа ја поздравуваме поддршката на политичките партии за клубот

Од:

Ги поздравуваме сите политички партии кои застанаа позади иницијативата на Либерално-демократската партија, Фудбалскиот клуб „Вардар” конечно после долго време политички и институционални превирања и опструкции да добие финансиска помош од Градот Скопје, велат од ЛДП.

-Горди сме на овој заеднички успех и конечно после долго што партиите се откажаа своите политички интереси и покажаа обединетост, нешто што треба да претставува пример за сите клучни прашања во државата. Од клучно значење е да продолжиме да се бориме за спортот, а тоа мораме да го правиме колективно, додаваат од партијата.

Иницијативата за обезбедување институционална поддршка за ФК „Вардар”, предложена од советникот на ЛДП проф. д-р Никола Пановски во Советот на Град Скопје, беше изгласана со 34 гласа „за“ и 1 „против“ на 32-та седница на Советот.

-Остануваме одлучни во заложбата за поддршка на ФК „Вардар”, но и за обезбедување поддршка на сите спортски клубови кои се натпреваруваат во македонската прва лига. Да обезбедиме посветла иднина за спортот во земјава бидејќи истиот претставува гордост на секоја нација, велат од ЛДП.

Советот за спорт на Либерално демократската партија, препознавајќи ја итната потреба за колективна акција и единство ја предводеше оваа иницијатива по барање на навивачката група на Вардар- Комити, а со цел да се обезбеди опстанок и просперитет на фудбалскиот клуб, кој во последно време се соочува со сериозни предизвици.

Наместо да се потпира исклучиво на корпоративни донации, кои често водат до непотребни политички битки, ЛДП се залагаше за институционален пристап за одржување на клубот.

-Силен „Вардар” е потребен на македонскиот фудбал и спорт како еден од најголемите спортски амбасадори во регионот и Европа. Поттикнати од праксата на сите клубови ширум Европа каде главниот град дава поддршка на своите клубови, впрочем како и во минатото, станува збор за сосема легитимна одлука, додаваат од ЛДП.

Би можело да ве интересира

Зајкова: Среќен и благословен Бајрам – исполнет со мир, хармонија и заедништво

Предраг Петровиќ

Јанкоски: ЛДП бара итна и темелна истрага за нападот на вработената во социјалното во Прилеп

Зајкова: Сеопфатен ветинг за државната служба и избраните и именувани лица од 1991 година до денеска

Предраг Петровиќ

ЛДП: Строги контроли не само во локалите, туку и во детските градинки, училиштата и други големи објекти

Аврамоска-Ѓореска: Не е само 8 март ден на жените

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зајкова: Осми март е симбол на борбата за праведност, еднаквост и безбедност на секоја жена

Горан Наумовски