Лажна бомба го прекина натпреварот ПАО – Барселона

Од:

Натпреварот од 10. коло во кошаркарската Евролига помеѓу екипите на Панатинаикос и Барселона беше прекинат во текот на првото полувреме, откако во една новинска редакција и еден веб портал пристигнала анонимна дојава за поставена бомба во салата.

Безбедносните служби во Атина со брза интервенција ја испразнија салата, а по пребарувањето од страна на полицијата одлучено е средбата да продолжи.

Се шпекулира дека 20-минутниот прекин е предизвика од домашните навивачи кои беа незадоволни од лошото издание на Панатинаикос.

Натпреварот заврши со победа на Барселона од 80:67.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос