Лазаров: Верувам во оваа група ракометари повеќе од самите што веруваат

Од:

Ден по поразот од Црна Гора и елиминацијата од Европското првенство селекторот Кирил Лазаров ја презеде одговорноста, но уште еднаш потврди дека верува во оваа група на ракометари.

dobivaj vesti na viber

„Идејата како треба да изгледа македонската репрезентација ја носам уште со именувањето на селекторската функција и така продолжуваме на тој пат. Вчерашниот пораз многу боли, но сакам да кажам дека тоа за кое се подготвуваме на овој европски шампионат, комплетни како што настапувавме во квалификациите, не ни успеа поради добро познатите причини како ковид-ситуацијата, повредите, итн… Не сакам да биде ова алиби, но јасно е дека не е иста оваа репрезентација без Дејан Манасков, Кире Лазаров, Стојанче Стоилов, Николче Митревски кој дојде во последен момент, без Никола Маркоски, Гоце Ојлески… И, за жал, прилагодувајќи се на ситуацијата загубивме два натпревари. Првиот го загубивме гордо, достоинствено со многу жар и борба, и можеби тоа не излажа дека можеме да дојдеме до победа над Црна Гора без многу проблеми. Но, очигледно само ја мотивиравме Црна Гора која знаеше како до целта.

По преспиената ноќ и прегледаниот натпревар синоќа увидов дека сме на добар пат. Цврсто стојам зад тоа. Прифаќам критика и прифаќаме критика затоа што и јас имам што да им кажам на играчите. Ќе разговараме и точно ќе анализираме кој, како и зошто грешел. Но, силно верувам во нив, можеби и јас повеќе верувам од нив самите. Наша, ваша и заедничка работа е да ги убедиме дека се добро затоа што само така во иднина може да ни носат успеси“, смета селекторот.

Извесно е дека за натпреварот против Данска ќе има промени во тимот. Јасно е дека ќе го нема ковид-позитивниот Стоилов, но заврши изолацијата на Кизиќ, Ојлески и Младеновиќ.

Би можело да ве интересира

Младите ракометари го освоија ЕХФ шампионатот во Рига

Стоилов ја завршува репрезентативната кариера: Ми беше чест што 15 години играв за Македонија

Катерина Павлова-Николовска

Македонија е на Светско, ракометарите повторно во елитата

Катерина Павлова-Николовска

Пласман на Светско првенство за историско збогум на легендарниот капитен

Катерина Павлова-Николовска

Ракометарите одат во втората фаза од баражот за Светското првенство

Катерина Павлова-Николовска

Ракометарите против Романија и Чешка во баражот за пласман на Светското првенство

Катерина Павлова-Николовска