Мароканците „лесен залак“ за Македонија

Од:

Македонската ракометна репрезентција стигна до убедлива 40:25 (18:12) победа над Мароко во последниот натпревар по групи во Президентс купот на Светското првенство во ракомет во Полск и Шведска, со што го потврди второто место во својата група, закажувајќи пресметка со Јужна Кореја за 27. место на Мундијалот.

По разочарувачкиот настап во главната група, Македонија го завршува настапот на Президент купот со победи над Алжир и Мароко, но и со незгоден пораз од Тунис, со што ги загубивме шансите за прво место во групата.

Мароканците поведоа со 1:0 на почетокот на мечот, но потоа тимот на Кирил Лазаров ја презеде контролата и на полувреме имавме шест гола разлика (18:12). Оваа преднст растеше во текот на второто полувреме, за на крајот да стигнеме до 40 гола. Филип Кузмановски заврши со осум постигнати голови, Петар Атанасијевиќ заврши со седум гола, а Мартин Серафимов и Ненад Костески имаа по шест гола.

СП РАКОМЕТ 2023
ГРУПА 3
Катар – Аргентина 22:26 (9:12)
Србија – Холандија 32:30 (15:17)
Германија – Норвешка 20.30 ч.
ГРУПА 4
САД – Белгија 24:22 (14:12)
Хрватска – Бахреин 43:32 (17:16)
Египет – Данска 20.30 ч.

ПРЕЗИДЕНТ КУП
Тунис – Алжир 30:25 (15:12)
Македонија – Мароко 40:25 (18:12)

Би можело да ве интересира

Голем предизивик за ракометарите, Фарски Острови противник во баражот на Светското првнество

Катерина Ѓуровски

Лазаров: Сега знам кого треба во иднина да повикувам во репрезентацијата

Македонија се врати од негатива и триумфираше над Турција за крај на евроквалификациите

Катерина Ѓуровски

Ракометарите преку Луксембург кон Европското првенство

Катерина Ѓуровски

Трет катастрофален пораз за македонската ракометна репрезентација

Ана Ололовска

Само со победа над Аргентина македонските ракометари ќе бидат во главната фаза на СП

Катерина Ѓуровски