Лазаров стигна до 54. трофеј во кариерата

Од:

Со освојувањето на Купот на Кралот во Леон, Кирил Лазаров го одигра последниот натпревар во дресот на Барселона. Најдобриот македонскиот ракометар со петтиот трофеј оваа сезона ја заврши четиригодишната авантура во каталонскиот клуб и по седум години поминати во Шпанија заминува во француски Нант. Овој трофеј за Лазаров е вкупно 21-ви во дресот на Барселона и 54-ти во кариерата.

Ова се 54. освоени трофеи на Лазаров во неговата досегашна кариера:

Лигата на шампионите – 1 (со Барселона).
IHF Супер глоб – 3 (1 со Атлетико Мадрид и 2 со Барселона).
Национален првак – 18 (2 со Пелистер, 7 со Загреб, 5 со Фотекс Веспрем, 4 со Барселона).
Национален куп – 19 (2 со Пелистер, 5 со Загреб, 5 со Фотекс Веспрем, 3 со Сиудад Реал, 4 со Барселона).
АСОБАЛ купот – 5 (1 со Атлетико Мадрид и 4 со Барселона).
АСОБАЛ Суперкуп – 6 (2 со Атлетико Мадрид и 4 со Барселона).
Каталонски Суперкуп – 2 (со Барселона).

Покрај овие колективни признанија, Лазаров често пати и индивидуално се истакнуваше носејќи го дресот на најтрофејниот клуб во Шпанија и Европа.

Би можело да ве интересира

МВР потврди дека го чешла интервјуто на Латас – се е документирано

А1он

Лазаров со Нант против Барселона во полуфиналето на Лигата на шампионите

СП ракомет: Лазаров најкорисен играч по првата фаза

Наум Локоски

Лазаров: Доколку продолжиме да работиме на овој начин, Македонија има иднина

Наум Локоски

Лазаров: Недостатокот во квалитет можеме да го надоместиме со патриотизам

Наум Локоски

Лазаров во Нант до 2021 година

Наум Локоски