Лазаров со Барселона го освои 3.место во Лигата на шампионите

Од:

Кирил Лазаров со својата екипа Барселона го освои третото место во ракометната Лига на шампиони.

На завршницата од елитното ракометно натпреварување, односно на Фајнал-фор турнирот кој се игра Келн, Германија, Барселона го совлада унгарскиот тим Вестпрем со 26-25.

Капитенот на македонската репрезентација Лазаров постигна три гола. Неговиот клупски колега Сергеј Рутенка со постигнати 11 гола беше најефикасен на натпреварот.

Кај Веспрем Момир Илиќ постигна седум гола и се зацврсти на врвот на листата на стрелците.

Дуелот за шампионскиот трофеј меѓу Кил и Фленсбург започна од 18 часот.

Би можело да ве интересира

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa