Лазаров: Полека заличуваме на вистинска репрезентација, треба да учиме од грешките

Од:

Најдобриот македонски ракометар на сите времиња, Кирил Лазаров не е разочаран од поразот од Русија и прикажаното во досегашниот дел од Мундијалот.

– Ни се повторуваат работите од претходните натпревари. Секогаш противничкиот голман е играч на натпреварот. Промашивме многу шанси. Треба да имаме посебно тренинг за „зицери“. Загрижува неефикасноста. Сепак, Русите се квалитетни. Не е срамота да се изгуби од нив. Дадовме максимум. Има позитивни има и негативни работи во нашето издание. Полека заличуваме на вистинска репрезентација. Ни фалат два –три поискусни играчи. Треба да сме паметни и научиме од грешките, изјави Лазаров.

Капитенот најави максимално залагање и на утрешниот меч, последен на првенството.

Ќе дадеме максимум утре, ќе пробаме да победиме. Потоа следува анализа, да се лоцираат грешките и да одиме напред.

Не смееме да им го одземе задоволството на навивачите и да ги оставиме без наше учество на следните големи натпреварувања, потенцира Лазаров.

Тој во денешниот пораз од Русија (28:30) постигна осум погодоци по што и натаму е меѓу водечките на листата на стрелците на СП.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

Македонските ракометари во група со Франција и Германија на ЕУРО 2024

Ана Ололовска

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Александар Јовиќ нов тренер на РК Еурофарм Пелистер

Ана Ололовска

Среќно „ракометно реми“ на Еурофарм Пелистер со Агуаш Санташ 27:27

Ана Ололовска