Лазаров: Победивме, но мораме подобро да играме

Од:

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров кој на вечерашниот натпревар против Грција беше најефикасен со седум постигнати голови изјави дека победата е постигната со слаба игра.

– Потешко од очекувано стигнавме до победа, сепак и во вака слабо одигран натпревар остваривме предност. Тоа е најважно во овој момент. Можеби ја навикнавме публиката и навивачите на добри натпревари, но најважно е што победивме, истакна Лазаров и додаде дека потребен е поразличен пристап од сите доколку се сакаат поголеми резултати и успеси со посилните противници.

Македонија ја победи Грција со 27:25, а реванш дуелот oд баражот за СП 2015 се игра на 15 јуни во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Би можело да ве интересира

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa