Лазаров и Дибиров во најдобриот тим во Лигата на шампионите

Од:

Капитенот на македонската ракометна репрезентација и член на Барселона, Кирил Лазаров и крилото на македонскиот вице-првак Вардар, Тимур Дибиров се најдоа во најдобриот тим на Лигата на шампионите.

Европската ракометна федерација на ден пред почетокот на завршниот Фајнал-фор турнир во Келн, го објави идеалниот состав.

Покрај Лазаров (десен бек) и Дибиров (лево крило) во него се по двајца ракометари од унгарскиот Вестрпем, Момир Илиќ (лево крило) и Ренато Сулиќ (пивот), како и францускиот клуб П.С.Ж, Микел Хансен (среден бек) и Лук Абало (десно крило), односно голманот на Рајн-Некар, Никлас Ландин.

Во конкуренција за најдобриот тим беа и тројцата ракометари на македонскиот првак Металург, Ранато Вугринец, Павел Атман и голманот Дарко Станиќ.

Би можело да ве интересира

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa