Лазаров го објави поширокиот список за квалификациските натпревари со Финска и Швајцарија

Од:

Селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров денес го објави поширокиот список на ракометари за претстојните квалификациски натпревари со репрезентациите на Финска и Швајцарија за пласман на Европското првенство 2022.

На списокот на Лазаров се наоѓаат: Никола Митревски, Мартин Томовски, Марко Кизиќ, Васил Гогов, Андреј Петков, Дејан Манасков, Бојан Маџовски, Цветан Кузмановски, Иван Димитровски, Гоце Георгиевски, Ненад Костески, Мартин Поповски, Томислав Јагуриновски, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Михаил Аларов, Кристијан Симоновски, Филип Талески, Филип Кузмановски, Дејан Кукуловски, Емилијан Ѓорговски, Михајло Младеновиќ, Филип Миркуловски, Марко Мишевски, Горан Крстевски, Дарко Кондев, Игор Ѓоргиев, Марко Стојковиќ, Давид Ставревски, Павле Атанасијевиќ, Марко Митев, Мартин Велоковски, Мартин Серафимов и Кирил Лазаров.

Средбата со Финска е закажана за 28 април на гостински терен, додека со Швајцарците, Македонците ќе играат на 2 мај во CЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

Македонските ракометари во група со Франција и Германија на ЕУРО 2024

Ана Ололовска

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Александар Јовиќ нов тренер на РК Еурофарм Пелистер

Ана Ололовска

Среќно „ракометно реми“ на Еурофарм Пелистер со Агуаш Санташ 27:27

Ана Ололовска