Лапорта вети дека ќе стори сè што е можно за да го задржи Меси во Барселона

Од:

Новиот претседател на Барселона, Хуан Лапорта изјави дека ќе разговара со напаѓачот на тимот Лионел Меси и ќе се обиде да го убеди да остане.

– По добредојде на клупскиот персонал, ќе го повикам Меси. Дали ќе успеам да го убедам да остане? Од него зависи. Ќе дадам се од себе за да остане, имајќи ги предвид економските можности на клубот, изјави Лапорта.

Тој на вчерашните претседателски избори освои 54,28 проценти од гласовите. Второто место му припадна на Виктор Фонт (29,99). Ентони Фреиша е на третата позиција (8,58).

Педест и осумгодишниот Лапорта претходно беше претседател на Барселона. Тој ја извршуваше оваа функција од 2003 до 2010 година.

Договорот на 33-годишниот Лионел Меси истекува на 30 јуни 2021 година. Оваа сезона тој одигра 34 натпревари за Барселона и постигна 24 погодоци и 11 асистенции.

Би можело да ве интересира

Навивачите на Реал Мадрид со расистички навреди за Ламине Јамал по голот во Ел Класико

Играчот кој ги одби милионите на Барса сега е во 5-та лига: Верата ми даде поинаква перспектива на животот

Предраг Петровиќ

Јамал на стартот на кариерата: Никогаш нема да ја напуштам Барселона

Предраг Петровиќ

Еден час прекин поради гром на дуелот Барселона – Реал (2:1)

Барселона не знае што да прави со играч вреден милијарда евра

Предраг Петровиќ

„Тајм“ го прогласи аргентинскиот фудбалер Лионел Меси за спортист на годината

Горан Наумовски