Најголемиот руски производител на автомобили „АвтоВАЗ“ објави дека ќе отпушти околу 13.000 работници, што е речиси двојно повеќе од претходно најавените 7.500 откази.
Причина за кастрењата е падот на продажбата на автомобилскиот бренд „Лада“.
Извршниот директор Бо Андерсон, некогаш еден од директорите во „ГМ“, претходно изјави дека ситуацијата во „АвтоВАЗ“ е исклучително лоша и дека на луѓето им е потребен „повик за будење“.
Компанијата во 2013 година западна во загуби, а Андерсон се бори да направи пресврт во ситуацијата во овој доста чувствителен економски момент, пред сè, поради украинската криза.
Само во април продажбата на „Лада“ во Русија опаднала за 15 отсто на 128.633 модели, додека пазарот се намалил за само четири отсто.
Последните прогнози покажале дека намалувањата во фабриката „Тољати“ ќе мора да бидат многу поголеми отколку првично најавените, па одговорот на „АвтоВАЗ“ на прашањето на автомагазините за бројот на работници во оваа фабрика гласеше: „Вкупниот број работници во фабриката ќе биде околу 53.000 лица“.
Главната база на компанијата во моментов вработува околу 65.000 лица.