ЛА Кингс со рекорд и водство од 2-0

Од:

Речиси идентично сценарио од првиот натпревар во финалето од Стенли купот. Девилс и втор пат во три дена загубија од Кингс и со оваа победа Кингс го изедначија рекордот од десет последовни победи во доигрувањето на госински терен и така поведоа со 2-0 пред преселбата на серијата на домашен терен.

Тоа што го направи Анже Копитар во првиот натрпевар сега го стори Јеф Картер.

А сценариото речиси исто, Кингс победоа во првата третина, Девилс изедначија и така се заврши натпреварот со 1:1, а во продолжението Кингс погодија за 2:1 и конечна победа, единствено што се смени се јунаците на натпреварот.

Дру Доти погоди за Кингс за водството од 1:0, а изедначи Рајан Картер со својот петти погодок во доигрувањето оваа сезона. Серијата се сели во Лос Анџелес во понеделник.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Срби и Хрвати се тепаа во Белград, во ледената сала настана вистински хаос

А1он

Кинеската хокеарска репрезентација нема да биде отстранета од Олимпијадата во Пекинг

А1он

Продолжуваат преговорите меѓу МОК и ИХФ за учество на хокеарите од НХЛ на Олимпијадата 2022

Ана Ололовска

Играчите во НХЛ ќе бидат подложени на брзи тестови на коронавирус пред натпреварите

Ана Ололовска

Сезоната во НХЛ може да почне на 13 јануари

Ана Ололовска

Тампа беј го освои Стенли купот по втор пат во историјата

Ана Ололовска