Лос Анџелес Кингс поведе со 1-0 во финалето на хокеарската – НХЛ лига откако ноќеска на домашен терен по продолжение го победи Њујорк Ренџерс со 3:2 по продолжение.
На Њујорк му припадна првиот период со 2:1. Во вторите 20 минути ЛА Кингс беше поуспешен со 1:0, а во третиот период немаше голови. Единствениот гол во продолжението го постигна ЛА Кингс.
Стрелци на погодоците за: Дути, Клифорд и Вилијамс, додека стрелци за „ренџерите“ беа: Пулио и Хажелин. Се истакна голманот на гостите Лундквист со 40 одбрани.
Следниот натпревар се игра на 7 јуни исто така во „Стејплс Центар“ во Лос Анџелес.