Петра Квитова од Чешка ја совлада русинката Марија Шарапова со 2:0 во сетови (6:3 и 7:6) во полуфиналето на завршниот ВТА турнир кој се игра во Сингапур.
Претходно во првото полуфинале Полјакињата Радванска беше подобра од Шпанката Мугуруза со 2:1 во сетови (7:6,3:6 и 5:7).
Финалето е на програмата утре од 11 часот по македонско време, Квитова има подобар меѓусебен скор од шест победи наспроти два порази против Радванска.