Сем Квери по голема борба го елиминира првиот рекет и бранител на трофејот на Вимблдон, Енди Мареј, во четвртфиналната рунда на неофицијалното Светско тениско првенство.
Во мечот што траеше 2 часа и 41 минута, Американецот Квери иако во два наврати имаше негатива откако Мареј го освои првиот и третиот сет со 3-6 и 6-7, сепак 24-то рангираниот тенисер на Вимблдон, успеа да се избори за решавачки петти сет, добивајќи ги вториот и третиот сет со 6-4 и 6-1.
Квари до своето прво полуфинале на Вимблдон стигна со добиениот петти сет и тоа убедливо со 6-1.
Американецот во полуфиналето, кое на програмата е во петок, за противник ќе го има победникот од мечот меѓу Хрватот, Марио Чилиќ, и Жил Милер од Луксембург, во кој резултатот е израмнет 2:2 во сетови, па ќе се игра решавачкиот петти сет.
Во останатите два четвртфинални меча попладнево ќе играат Новак Ѓоковиќ (Србија, втор носител – Томас Бердих (Чешка, 11) и Роџер Федерер (Швајцарија, трет) – Милош Раонич (Канада, шести), по што победниците од овие мечеви ќе ја формираат втората полуфинална двојка.