Репрезентациите на Турција и Србија забележаа победа против Грузија и Финска во натпреварите од 5. коло во квалификациите за Светското фудбалско првенство што ќе се одржи во Русија 2018 година.
Во Истанбул, Турција ја победи Финска со 2:0, а головите за домаќините ги постигнаа Ценк Тосун (9-та и 13.минута).
Ова беше првиот меч денеска од И групата во кој вечерва ќе играат Хрватска – Украина и Косово – Исланд.
Табела: Хрватска 10 бодови, Украина 8, Турција 8, Исланд 7, Финска 1, Косово 1.
Во рамките од Д групата, фудбалерите на Србија со славеа победа на гостувањето кај Грузија со 3:1. Домаќините поведоа уште во 5.мунута со голот на Ника Катчарава. Во финишот на првиот дел (45.минута) израмни Душан Тадиќ од пенал, а во ториот дел прво Александар Митровиќ во 64.минута го постигна вториот, а Мијат Гачиновиќ во 86.минута третиот гол за Србија.
Во оваа група вечерва од 20:45 часот ќе се играат натпреварите Република Ирска – Велс и Австрија – Молдавија.
Табела: Србија 11 бодови, Република Ирска 10, Велс 6, Австрија 4, Грузија 2, Молдавија 1.
За македонската јавност, најинтересни се дуелите во Г групата, во која покрај мечот во Вадуц меѓу Лихтенштајн и Македонија вечерва во терминот од 20 часот и 45 минути ќе се играат и натпреварите, Шпанија – Израел и Италија – Албанија.
На табелата на првите две позиции се Шпанија и Италија со по 10 освоени бодови, трет е Израел кој досега собра 9, а по него следува Албанија со 6, додека Македонија и Лихтенштајн без освоен бод.