Кутињо останува останува на позајмица во Баерн

Од:

Најскапиот играч што Барселона го купила во својата историја, Филип Кутињо, ќе остане на позајмица во Баерн Минхен до крајот на сезоната во Лигата на шампионите, информира „Скај“.

Според документите, кариоката требало да се врати во Барселона на 1 јули, но според новите правила на УЕФА, поради пандемијата со коронавирусот, Баварците имаат можност да го задржат играчот.

Кутињо даде согласност, а Барселона нема да ја попречува зделката. Како што е познато, двајцата гиганти се во блиска врска и дури се шпекулира дека „блаугранас“ се подготвени да го продадат техничарот по ниска цена, која се однесува само на Баерн.

Ново-стариот шампион на Германија и официјално се откажа од можноста да го купи Кутињо, но аналитичарите велат дека не би било чудно ситуацијата да се смени. Причината е тоа што во моментов повредениот Бразилец сака живот во Германија и сака да остане во Бундеслигата.

Би можело да ве интересира

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он

ВИДЕО: Тренерот на ПАОК сам нападна неколку навивачи на АЕК, ​​доби суспензија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Навивач го прекина едноминутното молчење за жртвите во Магдебург, цел стадион му одговори

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фудбалерот на Монако тешко го повреди Донарума

Горан Наумовски

Фудбалерите на Реал Мадрид по деветти пат станаа светски клупски шампиони

Фудбалерите на Црвена звезда го декласираа Нови Пазар во српската Суперлига

Горан Наумовски