Куманово во продолжение го совлада Рилски спортист во дуел од БИБЛ лигата

Од:

Кошаркарите на Куманово со триумф на Рилски спортист го завршија првиот дел во регионалната Балканска лига (БИБЛ).

Во резултатски неизвесниот натпревар од 10.коло од А групата, одиграна попладнево во Самоков, Бугарија, Куманово славеше победа против Рилски спортист со 95:90 дури по продолжението, откако регуларните 40-минути завршија со резултат 79:79.

Во редовите на кумановци Марјан Јаневски и Вукашин Мандиќ постигна по 15, додека Александар Штерјов и Владимир Филиповиќ придодадоа по 13 поени, а двоцифрен број на поени постигна и Синиша Аврамовски 11.

Со учинок од 4 победи и порази, Куманово го освои 4. место во оваа конкуренција, а заедно со екипите на: Пеќ, Сутјеска и Рилски спортист се пласира во втората фаза на БИБЛ лигата.

Вториот македонски претставник Кожув вечерва пред својата публика ја пречекува последно пласираната екипа во Б групата, Влазнија од Скадар, Албанија.

Гевгеличани кои се единствениот тим со максимален учинок (7 победи од 7 натпревари), веќе одамна го обезбедија првото место, а со тоа и пласман во следната рунда во која, од оваа група ќе играат и тимовите на: Крајова, Морнар и Сигал.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос