Куманово убедливо на гостувањето во „Градски парк“

Од:

Во првото дерби од 6.коло во кошаркарската Прва лига, вицешампионот Куманово извојува убедлив триумф над Работнички со 82:64. Гостите до третата победа оваа сезона стигнаа по одлично одиграното второ полувреме.

Кошаркарите на Работнички вчеравечер немаа одговор во одбраната за расположеното трио на Куманово , Луковиќ, Инграм, Јаневски.

Центарот на кумановци Урош Луковиќ одигра уште еден натпревар со дабл -дабл ефект од 22 поени и 10 скока , идентичен број на поени постигна и Американецот Инграм, Марјан Јаневски уфрли 17 коша.

Во редовите на Работнички најефикасни беа Стојан Ѓуровски и Димитар Мираковски со 16 односно 14 поени.

На дуелот во Гевгелија, Кожув предводен од новиот стратег  Кукулекидис  ја совлада Струмица со 77:58 и со тоа ја продолжи низата од три победи во првенството.

Пред големото дерби во среда меѓу двете водечки екипи на табелата второпласираниот МЗТ Скопје Аеродром и лидерот Карпош Соколи, од третата до шестата позиција на табелата со идентичен ефект од три победи и порази се екипите на Фени Индустри, Работнички, Кожув и Куманово, на седмата позиција со две победи е Струмица, на последното место е дебитантот Бест ниту еден триумф.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос