Куманово со апел за фер и коректно навивање на мечот со МЗТ Скопје

Од:

Ден пред одигрувањето на вториот натпревар од финалето на Кошаркарскиот шампионат на Македонија меѓу Куманово и МЗТ Скопје Аеродром, управата на кумановската екипа преку соопштение побара од своите навивачи, но и сите актери на утрешниот меч фер и коректна спортска атмосфера, со цел, како што се вели во соопштението, кумановчани да покажат дека се најкошаркарскиот град во Македонија.

Куманово натправи „брејк“ на првиот меч во Скопје по што оствари предност од 1:0 во победи во серијата подобар до три. Токму затоа утрешниот втор дуел е исклучително значаен за двете екипи, а кошаркарите, но и сите актери ќе бидат под голем притисок.

Со цел да се избегнат несакани ситуации, по кои би следувале и строги санкции, од КК Куманово апелираат: „Им се заблагодаруваме на нашите верни навивачи кои ни дадоа огромна поддршка на претходните натпревари во Скопје, на кои и ние на најдобар начин возвративме. Воедно, изразуваме благодарност до управата на МЗТ Скопје, која ги отвори вратите за кумановчани и создаде услови за вистинско уживање на сите искрени љубители на кошарката во Македонија, за разлика од некои претходни случаи со други клубови (полуфиналето во Скопје и Купот на Македонија во Гевгелија)“.

Во оваа прилика, се додава, мора да се напомене дека и службените лица (судиите и делегатот) делегирани од Комесарот за натпреварување беа на висина на задачата, скоро неприметни – на европско ниво, без создавање непотребни тензии, што, се наведувам можеше да се забележи и кај играчите и тренерите на двете екипи кои беа без значајни забелешки во текот на целиот натпревар.

– На крај најважното: уште еднаш апелираме до сите наши верни навивачи кои навистина го сакаат клубот, на наредниот натпревар да се воздржат од било какви провокации и неспортско навивање кон сите учесници на теренот, кои му штетат само на нашиот клуб и можат да доведат до санкции. Апелираме до сите кумановчани да покажеме дека најкошаркарскиот град во Македонија може да организира кошаркарски празник и да приреди фантастична спортска атмосфера по која сите ќе не паметат, се вели во соопштението од КК Куманово.

При тоа се напоменува до гледачите да не носат ситни предмети (запалки, метални пари, шишиња и сл.), бидејќи ќе биде спроведена ригорозна контрола на четирите влеза кои ќе бидат отворени за овој натпревар’.

Вториот натпревар од Плеј – офот ќе се игра утре во Куманово со почеток од 19 часот.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос